• понеделник, 23 декември 2024

Џонсон: Го осудивме убиството на Кашоги, бараме истрага

Џонсон: Го осудивме убиството на Кашоги, бараме истрага
Лондон, 3 март 2021 (МИА) - Велика Британија го осуди убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и бара да се спроведе целосна истрага за причините на неговата смрт, изјави денеска премиерот Борис Џонсон. - Ние го осудивме убиството на Џамал Кашоги и продолжуваме да бараме целосна истрага за причината на неговата смрт, истакна Џонсон одговарајќи на прашањето дали Велика Британија ќе ја суспендира продажбата на оружје на Саудиска Арабија, со оглед на судирот и хуманитарната криза во Јемен. Тој додаде дека Велика Британија ги почитува правилата и конвенциите за продажба на оружје. Колумнистот на Вашингтон пост, Кашоги беше убиен во 2018 година во Конзулатот на Саудиска Арабиија во Истанбул. ми/

Остани поврзан