Џоли најави дека ќе го отвори самитот на Г7 во Квебек со предупредување за американските потези
- -Не направивме ништо што би ги оправдало нападите на Трамп врз нашата земја, нашата економија и нашиот идентитет. Канада е вашиот најдобар пријател, најдобар сосед и најдобар сојузник, рече Џоли.

Отава, 13 март 2025 (МИА) - Шефицата на канадската дипломатија, Мелани Џоли, планира да ги пречека своите колеги од Г7 во градот Шарлевоа, во провинцијата Квебек, со предупредување за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе високи царини за Канада, објавија денеска американските медиуми.
Таа посочи дека ако САД можат ова да и го направат на Канада, „својот најблизок пријател“, тогаш никој не е безбеден, пренесува порталот Политико.
-Не направивме ништо што би ги оправдало нападите на Трамп врз нашата земја, нашата економија и нашиот идентитет. Канада е вашиот најдобар пријател, најдобар сосед и најдобар сојузник, рече Џоли.
Украина, Блискиот Исток, Хаити и Венецуела ќе бидат на дневен ред на самитот на Г7, чиј домаќин неделава е Канада, но нема да се разговара за трговската војна на претседателот Доналд Трамп и заканите по суверенитетот.
Во екот на воведувањето високи царини од страна на Трамп за стоките од соседна Канада, Џоли планира утринава да се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио за да се обиде да изврши „максимален притисок“ за заштита на канадскиот суверенитет и канадскиот начин на живот, пренесува Политико.
Рубио претходно, на пат од Саудиска Арабија за Канада, изјави дека на самитот на Г7, САД ќе бидат конструктивни во работата со сојузниците, пријателите и партнерите.сд/
фото:МИА архива