• вторник, 30 април 2024

Џоли: Канада му кажа на Израел дека конфликтот со Иран не смее да се прошири во регионот

Џоли: Канада му кажа на Израел дека конфликтот со Иран не смее да се прошири во регионот

Отава, 15 април 2024 (МИА) – Канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли изјави дека му рекла на својот израелски колега дека конфликтот не смее да се прошири во регионот.

- Јасно се залагаме за деескалација и треба да се погрижиме конфликтот да не се прошири во регионот. Затоа, јас бев јасна пред мојот колега во Израел – ве молам прифатете ја победата и да се увериме дека можеме да работиме заедно за да го вратиме мирот во регионот, изјави таа во Отава. јт/

Фото: ЕПА архива

 

Остани поврзан