• недела, 18 мај 2025

Џоб Белингам прогласен за Најдобар млад играч во Чемпионшип лигата на Англија

Џоб Белингам прогласен за Најдобар млад играч во Чемпионшип лигата на Англија

Сандерленд, 28 април 2025 (МИА) - Помладиот брат на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, Џоб, е прогласен за Најдобар млад играч на сезоната во Чемпионшип лигата на Англија.

Фудбалерот на Сандерленд покажа извонреден напредок оваа сезона, а „црните мачки“ сè уште се борат за промоција во Премиер лигата.

Џоб Белингам (19) изгледа дека ќе ги следи фудбалските стапки на својот постар брат, а наводно Борусија Дортмунд е заинтересирана да за неговиот потпис.

-Многу сум благодарен за наградата. Беше навистина добра сезона и само се обидов да учам од моите соиграчи и да го дадам најдоброто што можам. Одлично е да се игра за толку голем клуб како Сандерленд. Огромна е можноста да се игра пред толку многу навивачи секоја недела, тие се одлични,  рече младиот играч, кој е во Сандерленд од 2023 година. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан