• недела, 29 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Џеј Ди Венс пристигна во Рим на средба со Мелони и за прослава на Велигден во Ватикан

Џеј Ди Венс пристигна во Рим на средба со Мелони и за прослава на Велигден во Ватикан

Рим, 18 април 2025 година (МИА) - Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска пристигна во Рим каде што ќе се сретне со италијанската премиерка Џорџија Мелони и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

Венс ќе присуствува на прославата на Велигден во Ватикан. Не е најавена средба со папата Франциск, кој неодамна излезе од болница и се опоравува од тешката пневмонија.

Папата и Венс остро се судрија околу миграцијата и плановите на администрацијата на Трамп за масовна депортација на мигрантите.

Само неколку дена пред да биде хоспитализиран, папата ги осуди плановите на администрацијата за депортација, предупредувајќи дека тие ќе им го одземат достоинството на мигрантите. Во писмото до американските бискупи, папата му одговори директно на Венс за тврдењето дека католичката доктрина ја оправдува таквата политика.

Венс ја прифати критиката на папата, но рече дека ќе продолжи да ги брани своите ставови.са/

Фото: ЕПА

Остани поврзан