• четврток, 04 декември 2025

Џејмс Мекавој примил „случајна“ тупаница од туѓинец во бар во Торонто

Џејмс Мекавој примил „случајна“ тупаница од туѓинец во бар во Торонто

Торонто, 10 септември 2025 (МИА) - Шкотскиот глумец и режисер Џејмс Мекавој примил удар од непознат човек во бар во Торонто, Канада, каде што, на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто 2025, се прикажува неговото дебитантско режисерско остварување - „Калифорниска шема“ (California Schemin').

Извор близок до Мекавој потврдува за „Ентертејнмент викли“ дека актерот го посетил барот „Шарлот'с рум“, близу седиштето на Фестивалот. Во еден миг, маж кој бил во прилично алкохолизирана состојба, и бил замолен да си замине од вработените во барот, минувал покрај Мекавој додека излегувал, па „го изненадил“ глумецот со тупаница.

Според очевидци, Мекавој немал комуникација со напаѓачот претходно, и не го испровоцирал ударот.

Приказната од филмот, инаку, раскажува за двајца „измамници“ - рап-дуото Силибил и Брејнс, т.е. Шкотите Били Бојд и Гевин Бејн, кои три години се преправале дека се Американци, за да бидат сериозно сфатени од музичката индустрија и на крајот завршиле на турнеја со Еминем... Филмот е заснован на автобиографијата на Бејн насловена „Излезени од Шкотска“. Покрај Мекавој, тука глумат и Шејмус Меклин Рос, Семјуел Ботомли, Луси Халидеј и Ребека Марел.  си/ми/

Фото: ЕПА.

Остани поврзан