• четврток, 28 ноември 2024

Џејмс го престигна Данкан по број на победи во НБА

Џејмс го престигна Данкан по број на победи во НБА

Сан Антонио, 28 ноември 2024 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ноќеска со трипл-дабл ефект (16 поени, 10 скока и 11 асистенции) го предводеше својот тим до гостинска победа над Сан Антонио со 119:101.

По оваа победа, Леброн го надмина Тим Данкан и се искачи на  второто место во победи во НБА вклучувајќи ги и плејофот.

Ѕвездата на Лејкерси стигна до 1.159 победи.

Првото место му припаѓа на Карим Абдул-Џабар со 1228, односно 69 повеќе од Џејмс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан