• сабота, 27 јули 2024

Џефри Ховениер: Приштина во 2013 година се обврза за ЗСО

Џефри Ховениер: Приштина во 2013 година се обврза за  ЗСО

Приштина, 24 мај 2024 (МИА) - Амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, изјави дека во 2013 година Приштина се обврзала да формира Заедница на српски општини поради што е неопходен чекор испраќањето на нацртот на ЗСО до Уставниот суд во Приштина. 

„Очекуваме Косово да ги исполни сите свои обврски. И според нас, за Косово, тоа итно вклучува напредување за ЗСО, односно испраќање на нацрт-статутот до Уставниот суд на уставна оцена“, изјави Ховениер за РТК.

Тој посочи дека постои нацрт-статут на ЗСО, што го подготвил специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.зш/

Остани поврзан