• вторник, 14 мај 2024

Џефрис: Постои можност од воена интервенција на САД во Украина

Џефрис: Постои можност од воена интервенција на САД во Украина

Вашингтон, 6 мај 2024 (МИА) - Лидерот на демократското малцинство во Претставничкиот дом на САД Хаким Џефрис изјави дека постои можност од американска воена интервенција во руско-украинскиот конфликт.

Во интервју за „Си-би-ес њуз“ синоќа тој изјави дека ако Украина претрпи пораз тогаш постои голема веројатност САД да бидат принудени да испратат своја војска за да се спречат закани по земјте на НАТО од страна на Русија.

Џефрис го истакна повеќепати повтореното тврдење на многу западни политичари дека во случај на победа над Украина, претседателот на Русија Владимир Путин нема да запре таму и ќе продолжи со напади врз земјите од НАТО.

Сепак, кога се однесува до директно учество во конфликтот, позицијата на американската влада останува непроменета – САД засега не планираат да испраќаат војска во Украина за да се избегне ризик од понатамошна ескалација. Ова претходно го изјави дравниот секретар Ентони Блинкен потврдувајќи ја позицијата на претседателот Џо Бајден.

За можно распореудвање војска во Украина исто така се дискутира и во останатите членки на НАТО, вклучувајќи го и претседателот на Франција Емануаел Макрон. кб/рп/

Остани поврзан