• петок, 22 ноември 2024

„Џерусалим пост“: Израелскиот воен кабинет ќе расправа за предлогот на Египет за ставање крај на војната во Појасот Газа

„Џерусалим пост“: Израелскиот воен кабинет ќе расправа за предлогот на Египет за ставање крај на војната во Појасот Газа

Тел Авив, 25 декември 2023 (МИА) - Израелскиот воен кабинет денеска ќе расправа за предлогот на Египет за прекин на војната во Појасот Газа, објави „Џерусалим пост“, пренесе ДПА.

Израелски емдиуми синоќа јавија дека израелските власти соопштиле дека Египет претставил нов предлог за примирје и ослободување на дополнителен број израелски заложници во Појасот Газа.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху вчера истакна дека Израел ќе продолжи да се бори се додека палестинското исламистичко движење Хамас не биде целосно поразено.

Предлогот на Египет предвидува завршување на војната во неколку фази. Првата фаза вклучува примирје од најмалку две недели, за време на кое се очекува Хамас да ослободи 40 израелски заложници. За возврат, Израел мора да ослободи 120 палестински затвореници. По ова ќе следи втората фаза, која предлага палестински преговори со посредство на Египет. Третата фаза бара целосен прекин на огнот и сеопфатен договор за размена на заложници и затвореници. Таа последна фаза вклучува и повлекување на израелската армија од Појасот Газа, дозволувајќи им на сите раселени жители на Газа да се вратат во своите домови, пренесе ДПА. ссм

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан