• петок, 22 ноември 2024

Џафери се сретна со новиот амбасадор на Јапонија, Казуја

Џафери се сретна со новиот амбасадор на Јапонија, Казуја

Скопје, 28 февруари 2023 (МИА) - На денешната средба со новоименуваниот амбасадор на Јапонија во нашата земја, Н.Е. Оцука Казуја, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ги нагласил досегашните одлични билатерални односи меѓу двете земји и изрази задоволство од соработката со Јапонската амбасада и досегашниот амбасадор Хиронори Савада.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Џафери ја искористил можноста на оваа средба да упати и честитки по повод 23 Февруари - Националниот ден на Јапонија. Ја потенцираше важноста од парламентарната соработка меѓу двете земји и потребата од интензивирање на трговската соработка меѓу двете страни при што, упати благодарност за досегашниот обем на инвестиции во рамките на Техничката помош од Јапонија во различни области како што се: инфраструктурата, здравството, земјоделието, малите и средни компании, образование и друго, што ја прави Јапонија еден од најголемите билатерални донатори на Република Северна Македонија.

Јапонскиот амбасадор, Н.Е.Оцука Казуја изразил задоволство од топлиот прием во овие изминати два месеци од неговото пристигнување. Ги потврдил зборовите на ПСРСМ Џафери за добрите и пријателски односи меѓу двете земји и воедно го извести претседателот дека наредната година, по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со Република Северна Македонија, јапонската Парламентарна група за пријателство планира да ја посети и официјално земјава и во таа насока, упати покана и за возвратна посета на Јапонија на нашата парламентарна група за соработка. Амбасадорот ја изрази поддршката на Јапонија за нашиот евроатлански пат, поддршката за започнување на преговорите со ЕУ и изрази надеж дека до наредната година ќе ги завршиме обврските околу уставните измени и ќе ги започнеме преговорите со ЕУ.

На крајот на средбата, како што посочуваат, и двајцата соговорници се согласија дека комуникацијата и соработката меѓу Јапонската амбасада и Собранието на Република Северна Македонија ќе продолжи непречено и во идниот период.фф/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Остани поврзан