• петок, 22 ноември 2024

Џафери - Лудва: Билатералните односи со Чешката Република се на високо ниво

Џафери - Лудва: Билатералните односи со Чешката Република се на високо ниво
Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва, при што му посака успешна работа и изрази надеж дека неговиот личен ангажман ќе придонесе за натамошно зацврстување и унапредување на билатералните односи меѓу двете земји. На средбата, Џафери го информирал амбасадорот и за работата на Собранието и неговите работни тела, предизвиците со кои се соочува земјата како и најновите случувања на политичката сцена. Во однос на парламентарната соработка, истакнал дека очекува соработката меѓу двете земји да продолжи со взаемни посети на највисоко парламентарно ниво. Како што соопштија од Собранието, Џафери укажал дека континуираната и цврста поддршка што ја добиваме од Чешката Република на нашиот евроинтеграциски пат особено се цени и почитува и изрази надеж дека таа поддршка ќе биде засилена за време на чешкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2022 година. -При тоа Џафери изрази благодарност и до Вишеградската група која е меѓу најгласните поддржувачи на аспирациите на земјите од Западниот Балкан за членство во Европската унија и за јасното укажување дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за забрзување на преговорите со земјите кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан. Чешката Република секогаш го истакнувала фактот дека зајакнувањето на прет-пристапните партнерства ќе доведе до унапредување на инфраструктурните врски помеѓу Европската унија и Западниот Балкан, како и на принципот на добро владеење, се наведува во соопштението на Собранието. Амбасадорот Лудва истакна дека е добар познавач на политичките состојби во регионот и искажа задоволство од можноста својата богата дипломатска кариера да ја продолжи во нашата држава. Тој укажа дека Чешката Република е голем поддржувач на евроинтеграцијата на нашата држава и очекува да го забрза процесот на интегрирање на земјите од Западен Балкан во Европската унија за време на чешкото претседателство со Советот на ЕУ по завршување на француското претседателство. На крајот на средбата двајцата соговорници истакнаа дека билатералните односи меѓу нашата држава и Чешката Република се на високо ниво и има взаемен интерес и можност за унапредување на економската соработка.бт/лв/

Остани поврзан