• недела, 22 декември 2024

Џафери во посета на Шар Планина: Националниот парк нуди одлични можности за туристички и социо-економски развој на шарпланинскиот регион 

Џафери во посета на Шар Планина: Националниот парк нуди одлични можности за туристички и социо-економски развој на шарпланинскиот регион 

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Техничкиот премиер Талат Џафери денеска го посети Националниот парк „Шар Планина“ и се сретна со вработените, како и со директорот на Националниот парк, Ибрахим Дехари.
 
Како што информира владината прес-служба, Џафери порачал дека Шар Планина нуди можност за развој на новини во туризмот, унапредување на условите за летен и зимски туризам, како и за создавање туристичка содржина која ќе ги обединува потенцијалите на оваа подрачје.

-Шарпланинскиот регион може да се искористи за нови содржини и туристичка понуда кои би обезбедиле развој на детскиот туризам, медицинскиот туризам, спортскиот туризам и туризмот за повозрасна категорија на граѓани. Шар Планина е четвртиот национален парк во државата, а прв прогласен во самостојна Република Северна Македонија. Со прогласување на Шар Планина за Национален парк, освен што се овозможи правна заштита на ова огромно природно богатство за нашата држава, исто така Северна Македонија ги исполни барањата на двата најзначајни инструменти на ЕУ за заштита на биодиверзитетот. Националниот парк „Шар Планина“ сега отвора нови можности не само од заштита на природната средина, туку и за социо-економски придобивки. Шар Планина изобилува со културни и традиционални вредности. Во Националниот парк се опфатени 30 села, каде живеат околу 2.000 жители, а со заштитата на планината, се овозможи развој на регионот и подобрување на животот на локалното население, се наведува во соопштението. мч/аа/

фото: Влада на РСМ

 

Остани поврзан