Ќе се реконструира патниот правец Чалошево - Дорутовец
- Во соработка со Владата и Министерството за транспорт обезбедени се финансиски средства за реконструкција на патот на релација Чалошево - Дорутовец. Оваа делница е долгогодишно барање на жителите од овој дел на Општина Велес, а градежните зафати ќе започнат со создавање на поволни временски услови, информира за МИА, градоначалникот Марко Колев.
Велес, 2 февруари 2026 (МИА) - Во соработка со Владата и Министерството за транспорт обезбедени се финансиски средства за реконструкција на патот Чалошево - Дорутовец. Оваа делница е долгогодишно барање на жителите од овој дел на Општина Велес, а градежните зафати ќе започнат со создавање на поволни временски услови, информира за МИА, градоначалникот Марко Колев.
Тој потенцира дека рамномерниот развој на Општината е приоритет во нивното работење.
-Со реконстркцијата на патот ќе се реши уште еден долгогодишен проблем на велешани, односни на жителите приградската населба Дорутовец и село Чалошево во близината на Велес, најави Колев.ад/
Фото: Општина Велес