• вторник, 03 февруари 2026

Во Тирана приведен македонски државјанин за шверц на мигранти

Во Тирана приведен македонски државјанин за шверц на мигранти

Тирана, 02, февруари, 2026 (МИА) -Албанската полиција денеска привела македонски државјанин, кој се обидел да транспортира нелегални мигранти во Италија.

 - За време на контрола на патниот правец Кашар-Тумане денеска, двајца нелегални мигранти беа пронајдени во автомобилот на Ј.Н. (41)  државјанин на Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Тој бил приведен на самото место, а за случајот е поведена истрага, при што е утврдено дека се обидел да ги прошверцува мигрантите во Италија, за износ од 2.500 евра по лице.

Според полициските информации, М.А. (33) албански државјанин од Драч е исто така осомничен во случајот, и по него се трага.

Во соработка со Обвинителството, истрагата продолжува за идентификување и доведување пред кривична одговорност на други граѓани кои евентуално биле вклучени во овој случај.

Процедуралните материјали се упатени до Обвинителството во Тирана за понатамошно постапување. вт/са/

Фото: полиција Тирана

 

Остани поврзан