• понеделник, 23 декември 2024

Ќе се асфалтираат три улици во демиркаписко Бистренци 

Ќе се асфалтираат три улици во демиркаписко Бистренци 
Демир Капија, 6 април 2023 (МИА) - Ќе се асфалтираат три улици во демиркаписко Бистренци, информираше денеска градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров. Тој нагласи дека со изградба на овие улици, значително ќе се подобри сообраќајната состојба во Бистренци, ќе се олесни пристапот и движењето и за пешаците и за возилата, ќе се подобри поврзаноста на селото со центарот на градот и значително ќе се овозможи поквалитетен живот за граѓаните. 
 
- Уште еден важен проект за развој на селата е спремен за отпочнување со градежни работи. Граѓаните на Бистренци наскоро ќе добијат три асфалтирани улици, преку проектот „Изградба на улици број 1, 2 и 3 во Бистренци, општина Демир Капија“. Улиците се простираат во централниот дел на  Бистренци,  во моментов се земјани и делумно тампонирани. Изведувач на работите е Друштвото за градежништво и трговија ,,Градба промет" ДОО Кавадарци, соопшти Петров. 
 
Тој информираше дека вкупниот износ што е предвиден со одлука, изнесува 3.507.171,50 денари без ддв, од кои 1.694.915,00 денари се финансирани од Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој, додека 1.812.256,50 денари се кофинансирани од буџетот на Општина Демир Капија. Вкупниот износ кој е понуден од изведувачот за изградба на трите улици изнесува 3.500.000,00 денари без ддв. Вкупно со ддв, износот е 4.130.000,00 денари. 
 
- Продолжуваме заедно кон поубава Демир Капија за сите, рече Петров. свд/цр
 
Фото : Општина Демир Капија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан