• среда, 03 јули 2024

Ќатип Османи уште една година тренер на Ренова

Ќатип Османи уште една година тренер на Ренова
Џепчиште, 31 мај 2021 (МИА) – Македонскиот фудбалски прволигаш Ренова ја продолжи денеска соработката со Ќатип Османи, кој останува на клупата и во следната сезона. Османи по четиригодишна пауза во ноември лани се врати на клупата на Ренова и преку бараж му обезбеди на клубот од Џепчиште опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Претходно во кариерата, Османи освои две шампионски титули со Шкендија, а беше тренер и на Шкупи. ег/аа/

Остани поврзан