• петок, 03 јануари 2025

Њујорк и Мериленд го усвоија амандманот за правата на абортус

Њујорк и Мериленд го усвоија амандманот за правата на абортус

Њујорк, 6 ноември 2024 (МИА) – Американските држави Њујорк и Мериленд го усвоија амандманот за правата на абортус, јави Ен-Би-Си Њуз.

Во Њујорк „за“ гласале 1.975.804 гласачи или 71,7 отсто, а против 781.677 или 28,3 отсто.

Во Мериленд 1.159.581 гласач или 74,2 отсто гласале „за“, додека 402.191 или 25,8 отсто гласале против.

Во Аризона гласовите за овој амандман се уште се бројат, но според проекциите на некои медиуми, изгледа дека ќе биде усвоен. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан