Њукасл прв финалист во англискиот Лига куп
- Њукасл синоќа го совлада Саутемптон во реваншот од полуфиналето на англискиот Лига куп - 2:1. Во првиот меч „Страчките“ победија со минимална предност - 1:0 и со вкупни 3:1 изборија финале.

Њукасл, 1 февруари 2023 (МИА) - Њукасл синоќа го совлада Саутемптон во реваншот од полуфиналето на англискиот Лига куп - 2:1. Во првиот меч „Страчките“ победија со минимална предност - 1:0 и со вкупни 3:1 изборија финале.
Двоен стрелец за Њукасл беше Шон Лонгстаф (во 5. минута и во 21. минута). Голот за гостите го постигна напаѓачот Че Адамс во 29. минута.
Вториот финалист ќе биде одреден вечер по реваншот меѓу Нотингем форест и Манчестер јунајтед. Манчестер го доби првиот натпревар со 3:0. зс/