• петок, 22 ноември 2024

Њукасл можеби ќе мора да го продаде Гимараеш поради финансискиот фер-плеј

Њукасл можеби ќе мора да го продаде Гимараеш поради финансискиот фер-плеј

Лондон, 5 април 2024 (МИА) - Тежок товар го притисна Њукасл, бидејќи без разлика на богатството на сопственикот, тој мора да го почитува финансискиот фер-плеј на Премиер лигата и поради оваа причина мора да го консолидира буџетот за да добие лиценца.

Како што пишува „Сан“, Њукасл може да реши се на лето со продажба на Бруно Гимараеш. Бразилецот има договор до 2028 година и плата од 160.000 фунти неделно, а клубот веќе имаше понуда за него од Пари Сен Жермен од 100 милиони евра.

Менаџерот Еди Хау сака да го задржи Бразилецот по секоја цена, а од друга страна е свесен дека клубот мора да ги почитува барањата на Премиер лигата, а тие се приоритет за натпреварувањето.

-Финансискиот фер-плеј е проблем и мораме да тргнеме од него. Понекогаш треба да си ја скратиш долгорочната визија за да се натпреваруваш во сегашноста. Да бевме во идеален свет, би донеле играчи. Сопствениците се многу амбициозни и сакаат да помогнат и да го подобрат тимот на кој било начин. Но правилата и условите под кои работиме не го дозволуваат тоа. Ќе продолжам да се залагам за зајакнување на тимот, но разбирам дека одредени правила мора да се почитуваат бидејќи јас сакам Њукасл да биде тука во следните 500 години, истакна тој.

ПСЖ планира да го подополни заминувањето на Килијан Мбапе со две ѕвезди - Бернардо Силва и Бруно Гимараеш, а тоа нема да биде евтина опција бидејќи од касата ќе треба да „извадат“ 160 милиони евра. дс

Фото: Архива

Остани поврзан