• среда, 03 јули 2024

ЈуТјуб ги отстрани каналите на Армијата на Мјанмар

ЈуТјуб ги отстрани каналите на Армијата на Мјанмар
Нејпјидо, 5 март 2021 (МИА) - ЈуТјуб ги суспендира петте канали кои ги уредува мјанмарската армија поради кршење на правилата на мрежата. - Отстранивме голем број канали и видео-снимки од ЈуТјуб во согласност со нашите правилка и услови за користење, се наведува во соопштенито на ЈуТјуб. Отстранети се „Мјавади медиа“ (Myawaddy Media), „МРТВ“, „ВД онлајн бродкастинг“ (WD Online Broadcasting), „МВД Вариети“ (MWD Variety) и „МВД Мјанмар“ (MWD Myanmar). Одлуката е последица на воениот удар од 1 февруари, со кој е соборена цивилната влада на Мјанмар. Претходно, Фејсбук и Инстаграм ги отстранија сите страници поврзани со мјанмарската армија. ми/

Остани поврзан