• петок, 22 ноември 2024

Јулија Навални в среда ќе зборува пред европратениците во Стразбур

Јулија Навални в среда ќе зборува пред европратениците во Стразбур

Стразбур, 22 февруари 2024 (МИА) - Јулија Навални, сопругата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, следната среда ќе им се обрати на европратениците во Стразбур. Ова е наведено во програмата на седницата на Европскиот парламент за следната недела.

Таа пред неколку дена зборуваше и пред Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Европратениците ја поканија Навални во знак на почит кон животот и работата на нејзиниот сопруг. Во четврток се очекува ЕП да усвои резолуција со која „ќе се осуди режимот на рускиот претседател Владимир Путин и ќе се изрази поддршка за претставниците на руската опозиција, новинарите и бранителите на човековите права во Русија“.

Алексеј Навални беше прогласен за добитник на наградата на ЕП за слобода на мислата „Сахаров“ за 2021 година, а наградата ја прими неговата ќерка Дарија. Пред неколку дена Јулија Навални објави дека одлучила да го продолжи неговото дело и ја повика ЕУ да не ги признава претстојните претседателски избори во Русија на 17 март. Нејзиниот повик го поддржаа и други претставници на руската опозиција. паг/

Фото: Инстаграм

 

 

Остани поврзан