• вторник, 22 октомври 2024

Јулија Навалнаја: Би се вратила во Русија и би се кандидирала ако падне „режимот на Путин“

Јулија Навалнаја: Би се вратила во Русија и би се кандидирала ако падне „режимот на Путин“

Москва, 21 октомври 2024 (МИА) - Јулија Навална, вдовицата на покојниот руски опозиционер Алексеј Навални, изјави дека би се вратила во Русија и би учествувала на избори ако „режимот на Владимир Путин“ биде соборен.

- Владимир Путин е мојот политички противник и ќе направам сè што е во моја моќ за да го соборам неговиот режим што е можно поскоро, изјави Навалнаја во интервју за Би-Би-Си.

- Сакам да живеам во Русија. Родена сум во Москва, исто како и моите деца... многу ми е важно да се вратам. Се надевам дека еден ден режимот на Путин ќе падне и јас ќе се вратам, додаде таа.

Според неа, рускиот претседател е „одговорен за смртта на нејзиниот сопруг“, а неговиот Фонд за борба против корупцијата има „докази“ што ќе бидат откриени кога ќе се разјасни „целосната слика“.

Навалнаја истакна дека недоволната меѓународна реакција по смртта на нејзиниот сопруг е навреда за неговото наследство и повика на санкции против Путин и неговата блиска околина. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан