• сабота, 29 јуни 2024

Јужнокорејски функционер тврди дека Ким Џонг-ун е жив и здрав

Јужнокорејски функционер тврди дека Ким Џонг-ун е жив и здрав
Сеул, 26 април 2020 (МИА) – Советникот на јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин за надворешна политика Чунг ин Мун денеска изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е жив и здрав и оти од 13 април се наоѓа во областа Вонсан. - За сега не се забележан и никакви сомнителни движења, рекол тој, а пренесува „Њузбжвик“. Од минатата недела светските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Ким Џонг Ун е нарушена, а многумина шпекулираа и дали е жив. Вчера биле објавени сателитски снимки од воз кој најверојатно му припаѓа на Ким, на железничка станица во Вонсан. Ким не се појавил во јавност од 11 април, а според некои информации тој имал операција и е во лоша здравствена состојба. јт/

Остани поврзан