• недела, 22 декември 2024

Јужнокорејски дрон се урна во близина на границата со Северна Кореја

Јужнокорејски дрон се урна во близина на границата со Северна Кореја

Сеул, 5 ноември 2024 (МИА) - Јужнокорејски воен дрон, што бил во операција на извидување откако минатата недела Северна Кореја лансираше интерконтинентална балистичка ракета ICBM, се урна во близина на границата, соопшти денеска јужнокорејската војска. 

Во соопштението на војската се наведува дека беспилотното летало Херон од израелско производство се урнало пред три дена, на околу 25 километри североисточно од Сеул, додека се враќало во базата по завршувањето на својата извидувачка мисија. Во инцидентот нема повредени, пренесе Јонхап. 

Се посочува дека армијата изгубила комуникација со дронот во саботата околу два часа по полноќ, а војската го пронашла околу 15 часа подоцна. 

Истрагата за инцидентот е во тек. 

Дронот имал задача да ја надгледува граничната област со Северна Кореја откако Пјонгјанг во средата вечерта лансираше интерконтинентална балистичка ракета ICBM. 

Во сличен инцидент минатата недела, друг воен дрон се урна западно од Сеул.сд/

фото:Википедија

Остани поврзан