• среда, 04 декември 2024

Јужнокорејскиот претседател рече дека ќе ја укине воената состојба

Јужнокорејскиот претседател рече дека ќе ја укине воената состојба

Сеул, 3 декември 2024 (МИА) – Претседателот на Јужна Кореја Јун Сук-Јеол рече дека ќе ја укине воената состојба неколку часа откако парламентот на земјата гласаше за блокирање на мерката.

Јун претходно објави дека воведува воена состојба, што го налути парламентот, вклучително и членовите на неговата партија.

Пратениците потоа се упатија кон зградата на парламентот за да гласаат против мерката, по што го повикаа претседателот официјално да ја отповика.

Политичка партија на Јун го повика да се откаже од напорите за воведување воена состојба во Јужна Кореја. Постигнат е консензус против напорите за време на состанокот на Партијата на народната моќ, откако пратениците во Националното собрание гласаа за блокирање на потегот.

Партијата го повика Јун „да ја прифати резолуцијата на Националното собрание против воената состојба и навремено да ја укине“. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан