• понеделник, 25 ноември 2024

Јужна Кореја ќе обезбеди 2,3 милијарди долари помош за Украина

Јужна Кореја ќе обезбеди 2,3 милијарди долари помош за Украина

Киев, 6 април 2024 (МИА) - Јужна Кореја ќе и обезбеди на Украина среднорочен и долгорочен пакет помош во вредност од 2,3 милијарди долари, чија испорака ќе започне оваа година, најави јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Тае-Јол за време на состанокот на земјите-партнери во НАТО од Индо-пацифичкиот регион, објавија украинските медиуми.

Покрај тоа, Сеул, исто така, ќе даде 12 милиони долари за рехабилитација на ранетите украински војници преку Фондот на НАТО за помош на Украина.

На состанокот присуствуваа и претставници на земјите-партнери на НАТО од Индо-пацифичкиот регион, вклучително и Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

Највисокиот дипломат на Јужна Кореја рече дека поддршката на Северна Кореја за вооружувањето на Русија влијае не само на безбедноста на Европа, туку и на Корејскиот Полуостров и на Индо-пацифичкиот регион. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан