• петок, 21 јуни 2024

Јувентус понуди 40 милиони фунти за Гринвуд

Јувентус понуди 40 милиони фунти за Гринвуд

Торино, 13 јуни 2024 (МИА) - Јувентус испратил понуда од 40 милиони фунти за крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, објави „Дејли мејл“.

Според изданието, ова не е прв предлог од италијанскиот клуб, бидејќи двете страни се во преговори веќе подолго време. На крајот „бјанконерите“ решија дека оваа понуда ќе биде доволна за 20-кратниот шампион на Англија.

Иако оваа понуда ги задоволува барањата на „црвените ѓаволи“, Јунајтед нема да брза да ја прифати, бидејќи на „Олд Трафорд“ ќе почекаат евентуални понуди од други кандидати.

Според „Газета дело Спорт“, Јувентус веќе договорил се со самиот играч и неговата придружба.

Според „Дејли Мејл“, и Наполи е заинтересиран за 22-годишниот Гринвуд, кој минатата сезона имаше многу успешна сезона на позајмица во Хетафе. дс

Фото: Архива

Остани поврзан