• вторник, 14 јануари 2025

ЈП Улици и патишта Скопје: За улицата „Коста Новаковиќ“ надлежна е општина Аеродром, а за семафорите СВР Скопје

ЈП Улици и патишта Скопје: За улицата „Коста Новаковиќ“ надлежна е општина Аеродром, а за семафорите СВР Скопје

3 септември 2024

Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје на ул.Васко Карангелевски во изминатиот период има имплементирано повеќе мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот, како воведување зона на школо, вибро ленти и други мерки кои значително допринесуваат за намалување на брзината на возилата.

Проектот за воведување на нови семафори на крстосницата помеѓу ул. Васко Карангелевски и ул. А Димовски, е поодамна согласно ЗБСП е доставен до МВР Секторот за внатрешни работи Скопје за добивање на потребната согласност за негова имплементација, барање на кое се уште нема одговор од надлежните.

До Секторот за внатрешни работи имаше доставено ОСП за светлосни сигнали семафори на истата локација, е доставен 3 пати, но за истиот СВР Скопје 3 пати се изјасни негативно односно не даде согласност за поставување, при што од таа причина не можеше да биде имплементирано на терен.

Апелираме до В.Д градоначалникот на Аеродром да си ги научи надлежностите, имено ул.Коста Новаковиќ е под надлежност на општина Аеродром, додека за семафоризација поставување на ул. Васко Каранѓелески го упатуваме да ургира во СВР Скопје да се издаде потребната согласност.

Јавно претпријатие Улици и патишта Скопје

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан