• петок, 05 декември 2025

ЈП „Тетово Транспорт“: Не оранизираме наградни игри, има лажна страница на Фејсбук

ЈП „Тетово Транспорт“: Не оранизираме наградни игри, има лажна страница на Фејсбук

Тетово, 26 септември 2025 (МИА) – Општинското јавно претријатие „Тетово Транспорт“ ги предупредува граѓаните дека на социјалната мрежа Фејсбук е создадена лажна страница со име на нивната фирма и шири невистини информации за наводни услуги.

– Ве информираме дека ЈП „Тетовo Транспорт” - Тетово не организира никакви наградни игри, затоа Ве молиме да не верувате на тие измами. За секоја вистинска вест или соопштение, ве покануваме да ја следите официјалната страница на ЈП „Тетовo Транспорт”, соопштија од ЈП „Тетово Транспорт“.

Од таму со молба до граѓаните да ја пријават секоја сомнителна страница која шири погрешни информации со таква или слична содржина. ас/ра

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан