• четврток, 15 август 2024

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје: Продолжува акцијата за собирање кабаст отпад во скопските општини

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје: Продолжува акцијата за собирање кабаст отпад во скопските општини

Скопје, 15 август 2024 

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со акцијата за собирање кабаст отпад во сите скопски општини. Веќе се реализирани активностите во општината Ѓорче Петров, каде што беа подигнати и транспортирани околу 130 кубни метри кабаст отпад, како и во општината Карпош, каде што граѓаните одложиле вкупно 170 кубни метри стар мебел и покуќнина.

Во моментов акцијата се реализира во скопската општина Центар, додека од 17.08.2024 година, активностите ќе се одвиваат во општината Кисела Вода, каде што на четири локации ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе постави специјални садови во коишто жителите на оваа скопска општина ќе можат да го одложат својот кабаст отпад.

Во продолжение го приложуваме дополнетиот распоред според којшто ќе се одвива акцијата за собирање кабаст отпад во претстојниот период.

Локации за контејнери наменети за одлагање кабаст отпад:

Општина Кисела Вода од 17.08.2024 до 20.08.2024 година

1. УЗ Населба Драчево
 ул.Бранко Заревски бр.17, Парк на бранители
2. УЗ Кисела Вода
 ул.Христо Татарчев (главна) наспроти ЈДГ 8-ми Март
3. УЗ Цветан Димов
 ул.Георги Димитров (заден влез на СГУ Васил Антевски Дрен)
4. УЗ Црниче
 ул.Наум Охридски бб (пред УЗ Црниче)

Општина Аеродром од 21.08.2024 до 24.08.2024 година

1. бул АСНОМ бр. 68, Реон: населба: Јане Сандански
2. ул. Коста Новаковиќ бр.48 (23ти Октомври бр.29), Реон: населба: Стар
Аеродром
3. бул. Видoe Смилевски Бато бр. 19, Реон: населба: Ново Лисиче
4. бул.АСНОМ бр.5 (кај „Рамстор“), Реон: населба: Ново Лисиче
Општина Гази Баба од 25.08.2024 до 28.08.2024 година
1. ул. Маџари, спроти ресторан „Далиа“, Ченто
2. 2. ул. Лазар Поп Трајков, кај месната заедница, Автокоманда
3. 3. ул.М.А.Ченто, кај кај месната заедница, Алија Авдовиќ
4. 4. ул. Благоја Стефковски, кај КАМ маркет, Триангла

Општина Чаир од 29.08.2024 до 01.09.2024 година

1. раскрсницата меѓу бул. Цветан Димов и ул. Коста Абрашевиќ
2. ул. Ферид Мурад, до средното училиште Цветан Димов, кај Топлана
Север
3. ул. Крсте Асенов бр. 5 кај контејнерите (до чајџилница Пајтон)
4. раскрсницата меѓу ул. Дижонска и ул. Втора македонска бригада (кај
контејнерите)

Општина Бутел од 02.09.2024 до 05.09.2024 година
1. Скопје Север - кај Стокомак
2. Бутел 2 - на платото кај џамијата
3. Помегу 1 и 2 влез во Радишани
4. Спроти црквата Св.Јован кај трансформаторот во Бутел 1


Општина Шуто Оризари од 06.09.2024 до 09.09.2024 година
1. Автобуска постојка на последна 19-ка
2. Спроти затворот, кај Жуто Лукс
3. На паркингот зад општината Шуто Оризари


Општина Сарај од 10.09.2024 до 13.09.2024 година
1. Кај претоварната станица на ЈПКХС
2. Локација кај општина Сарај
3.Влез во Сарај кај стариот мост
4.Љубин, ул.10

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Остани поврзан