• понеделник, 04 ноември 2024

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), на аголот со улицата „Максут Садик“, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Како што информират од ова јавно претпријатие, интервенирано е и на булеварот Македонско-косовска бригада во населбата Топаана, каде што е извршено расчистување на повеќе помали диви депонии.

-Посочените локации претставуваат „црни точки“ каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини, се вели во денешното соопштение од ЈП „Комунална хигиена“. 

Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад на јавни и на сообраќајни површини. сст/лв/

фото ЈП „Комунална хигиена“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан