ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани обемна дива депонија во населбата Серава
- СООПШТЕНИЕ - Интервенирано е во населбата Серава, каде што се подигнати и транспортирани приближно 35 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложени на јавна површина.

24 јанаури 2025
Во текот на изминатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија обемна дива депонија лоцирана во скопската општина Чаир.
Интервенирано е во населбата Серава, каде што се подигнати и транспортирани приближно 35 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложени на јавна површина. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата година се соочи со
зачестена појава на таканаречените „црни точки“ – локации каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. Од овие причини, Претпријатието воведе и интервентни патролни дежурства на Еко-патролата, којашто во периодот јануари-декември 2024 година изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при непрописно одлагање отпад.
ЈП Комунална хигиена-Скопје
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.