• понеделник, 22 јули 2024

Јордан негира дека прогласил вонредна состојба поради иранскиот напад врз Израел

Јордан негира дека прогласил вонредна состојба поради иранскиот напад врз Израел

Аман, 14 април 2024 (МИА) – Портпаролот на јорданската влада негира дека кралството објавило вонредна состојба и вели дека медиумските извештаи се неосновани и „нема причина за загриженост меѓу граѓаните“, јави Тајмс од Израел.

Јорданскиот министер за комуникации на владата Муханад Мубаиден изјави за државната новинска агенција Петра дека владата ќе преземе правни мерки против секој медиум што шири гласини или обвинувања кои не се проверени.

Светските агенции, повикувајќи се на државната агенција Ал Мамлака претходно јавија дека Јордан прогласил вонредна состојба поради стравувањата од ирански напад врз Израел. јт/

Остани поврзан