• вторник, 25 март 2025

Јордан го осуди израелскиот план за присилно раселување на Палестинците

Јордан го осуди израелскиот план за присилно раселување на Палестинците

Аман, 24 март 2025 (МИА) - Јорданското Министерство за надворешни работи остро ја осуди одлуката на Израел да формира владина агенција за принудно раселување на Палестинците од окупираниот Појас Газа.

Јорданското Министерство за надворешни работи во соопштението наведе дека овој потег се случува во време кога израелскиот безбедносен кабинет, исто така, одлучи да признае 13 нови нелегални населби на окупираниот Западен Брег, пренесува Ал Џезира.

Министерството наведува дека сите овие мерки се „невалидни и претставуваат јасно кршење на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право и претставуваат злосторства за присилно раселување на Палестинците од нивната окупирана земја“.

Израелскиот план беше објавен откако американскиот претседател Доналд Трамп повика на преместување на населението од окупираната палестинска енклава во Египет и Јордан.

Палестинците во Газа го отфрлија предлогот на Трамп, опишувајќи го како етничко чистење и инсистирајќи дека сакаат да останат на својата земја.

Арапските земји, исто така, се спротивставија на овој предлог и изнесоа контрапредлог за обнова на Газа без раселување на нејзините жители.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан