• понеделник, 23 декември 2024

Јончевски го објави поширокиот список за ноемврискиот ФИБА „прозорец“

Јончевски го објави поширокиот список за ноемврискиот ФИБА „прозорец“

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски денес го објави поширокиот список со играчи за ноемврискиот ФИБА „прозорец“.

„Црвено-жолтите“ ги очекува двомечот со селекцијата на Литванија, во квалификациите за Евробаскетот 2025 година во Х-групата.

На списокот на Јончевски се наоѓаат: Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Ти-Џеј Шортс, Амар Хот, Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири, Теодор Симиќ, Максим Митевски, Андреј Митревски, Страхил Николов, Лука Стојановски, Бобан Стајиќ, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Дамјан Стојановски, Дамјан Робев, Итан Хап, Виктор Ефремовски и Марин Петков.

На 21 ноември Македонија ќе биде во улога на домаќин на натпреварот кој ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, со почеток од 18 часот, три дена подноцна, на 24 ноември, следува гостување во Клаипеда. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан