• среда, 02 октомври 2024

Јоветиќ потпиша за кипарска Омонија

Јоветиќ потпиша за кипарска Омонија


Никозија, 1 октомври 2024 (МИА) – Најдобриот стрелец во историјата на црногорската фудбалска репрезентација Стеван Јоветиќ официјално се пресели во кипарска Омонија Никозија.
Јоветиќ, како што соопшти денеска кипарскиот клуб, стави потпис на двегодишен договор.
„Му посакуваме добредојде на Стеван Јоветиќ во семејството на Омонија и многу успех“, соопшти клубот од Никозија.
Јоветиќ во текот на својата кариера играше за Манчестер Сити, Фиорентина, Интер, Севиља, Монако и Херта.
Последен клуб на црногорскиот напаѓач беше грчкиот Олимпијакос.
Јоветиќ е стрелец број 1 за репрезентацијата на Црна Гора со 36 голови на 80 натпревари. ег

ФОТО: Фејсбук

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан