• вторник, 24 декември 2024

Јеремиќ: Гренел работи на конечното решение за Косово

Јеремиќ: Гренел работи на конечното решение за Косово
Белград, 8 јуни 2020 (МИА) - Претседателот на Центарот за меѓународни односи и одржлив развој (ЦИРСД) и лидер на опозициската Народната партија (НС), Вук Јеремиќ, изјави дека Русија и дала клучна поддршка на Србија на меѓународната сцена по прашањето за Косово и потсети дека во 2008 година заканата на Русија со вето го спречи Советот за безбедност на Обединети нации да ја одобри декларацијата за независност донесена во Приштина. - Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи својот специјален пратеник за преговори, Ричард Гренел, кој работи со властите во Белград и во Приштина на конечно решение, а има многу индикации дека тоа вклучува и размена на територии, промена на српските граници и членство на Косово во Обединетите нации, изјави Јеремиќ во дискусијата во рамките на „Корона дијалог“, инициран од ЦИРСД. Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Јеремиќ го праша професорот Сергеј Караганов, декан на Факултетот за меѓународна политика и економија во Москва, дали Русија ќе го поддржи членството на Косово во Советот за безбедност на ОН, ако Србија се согласи на поделба и потпише сеопфатен договор за нормализација на односите. Караганов одговори дека САД и Европа го изгубиле интересот за Балканот, без оглед на изјавите што може да се слушнат во јавноста и дека „веродостојноста на Американците сега не е на нула, туку е во минус, така што одлуката е на Србија“, соопштија од ЦИРСД. - Русија ќе ја поддржи Србија и во двата случаи. Ние не се мешаме и строго ги почитуваме прашањата за националниот суверенитет и тоа е нашиот врховен принцип во меѓународните односи, кажа Караганов. Тој исто така оцени дека ако Србија се сврти кон НАТО, ќе ја изгуби поддршката на Русија и својот национален дух, како и дека Русија извршила морално злосторство и најголемата грешка во надворешната политика во претходните 20 години кога се согласила на бомбардирањето на НАТО на СР Југославија. Караганов додаде дека Русија во последните 15 години „драматично се променила и се свртила кон Евроазија“ и дека ЕУ сега „не е сигурен и ефиктивен партнер“, додека Русија е заинтересирана за добри односи со повеќето членки на ЕУ. Караганов е поранешен советник на рускиот претседател Владимир Путин и основач на меѓународниот клуб за дискусии „Валдај“ и на публикацијата „Русија во глобалната политика“, како и почесен претседател на Рускиот совет за надворешна и одбранбена политика. об/ми/

Остани поврзан