Ја пријавил во полиција невенчаната сопруга дека му оштетила возило „мицубиши“
- Жител на неготинско село синоќа пријавил во полиција дека неговата невенчана сопруга му го оштетила возилото, информираа денеска од СВР Велес.
Неготино, 1 септември 2024 (МИА) - Жител на неготинско село синоќа пријавил во полиција дека неговата невенчана сопруга му го оштетила возилото, информираа денеска од СВР Велес.
- Синоќа во 19.40 часот ОВР Неготино било пријавено дека во градот бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно однесување и расправија помеѓу Б.Д.(53) и неговата невенчана сопруга А.М.(19), двајцата од неготинско село, по што Б.Д. пријавил дека А.М. со тврд и остар предмет му го оштетила неговото патничкото возило „мицубиши“. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од СВР Велес.
Оттаму информираа дека вчера во 14.25 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, кај место викано „Северова падина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од Кавадарци и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.М.(31).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „форд“, Е.С.(33) од Кавадарци, констатирани во кавадаречката болница. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. свд/сст/