• понеделник, 23 декември 2024

Јапонскиот милијардер Микитани: Одржувањето на Олимпијадата во Токио во вакви услови е исто со мисија за самоубиство

Јапонскиот милијардер Микитани: Одржувањето на Олимпијадата во Токио во вакви услови е исто со мисија за самоубиство
Токио, 15 мај 2021 (МИА) - Јапонскиот милијардер и шеф на „Ракутен груп инк“, Хироши Микитани смета дека Летните олимписки игри 2020 во Токио треба да бидат откажани. - Фактот што доцниме со вакцинациите сугерира дека сега е премногу опасно да се организира голем меѓународен настан. Ова е споредливо со мисијата за самоубиство, рече Микитани. Тој повеќепати ја критикуваше јапонската влада за тоа како земјата се справува со пандемијата на коронавирус. Олимписките игри 2020 во Токио треба да се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година. зс/

Остани поврзан