Јапонската амбасадорка Сецуко во посета на МИА на средба со директорот Јаневски
- Јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара денеска престојуваше во посета на МИА на средба со директорот Дарко Јаневски.
Скопје, 5 јуни 2025 (МИА) - Јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара денеска престојуваше во посета на МИА на средба со директорот Дарко Јаневски.
На средбата Кавахара и Јаневски разговараа за важноста на МИА во македонскиот медиумски простор, при што амбасадорката го истакна значењето на Агецијата во објективното информирање на јавноста.
На средбата двајцата соговорници разговараа за работата на Агенцијата, за професионалното новинарство, значењето на МИА во борбата против лажните вести, но сето она што МИА може да го стори за да придонесе за натамошно зајакнување на веќе, како што беше оценето, исклучително добрите односи меѓу двете држави.
Јаневски потенцираше дека иако се далеку двете држави можат уште повеќе да се приближат преку пренесување на сето она што е важно за нив со цел граѓаните да добијат повеќе информации едни за други. ац/паг/
Фото: МИА