Јапонија и понатаму ќе им плаќа на САД за одржување на воените бази
- Јапонија и САД се договорија да го продолжат договорот според кој Токио ќе продолжи да плаќа за одржување на американските бази што се на јапонска територија

Токио, 17 февруари 2021 (МИА) - Јапонија и САД се договорија да го продолжат договорот според кој Токио ќе продолжи да плаќа за одржување на американските бази што се на јапонска територија.
- Во истовреме, Јапонија и САД разговараат за нов договор, изјави шефот на јапонската дипломатија Тошимицу Мотеги.
Според досегашниот петгодишен договор, што е во сила до април 2022 година, Јапонија ќе издвои 199,3 милијарди јени (1,8 милијарди долари) за фискалната година, што завршува на 31 март. ми/