• петок, 05 декември 2025

Јанчев: Со благодарност и чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата за трет мандат

Јанчев: Со благодарност и чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата за трет мандат

Кавадарци, 29 мај 2025 (МИА) - Со голема благодарност и чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата за трет мандат како градоначалник на Кавадарци, од мојата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, објави синоќа на неговата официјална Фејсбук - страница кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Искрена благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски за довербата и поддршката. Оваа кандидатура е обврска, но и чест - затоа што заедно со вас веќе осум години испишуваме страници полни со дела. Од модернизација на инфраструктурата, преку поддршка за образованието, до создавање услови за подобар живот - застанувам зад сето она што сме го реализирале како тим, како заедница, се вели во обраќањето до кавадарчани. 

Притоа се додава дека патот на промените продолжува. 

- За заедничка иднина. За Кавадарци што чекори напред со сигурен и цврст чекор. Нема запирање! Одиме заедно - за Кавадарци!, пишува Јанчев во пораката до сограѓаните. свд/вг/


Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан