• петок, 22 ноември 2024

Јавен повик за учество на Работнички спортски игри 2024 во Берово

Јавен повик за учество на Работнички спортски игри 2024 во Берово

Берово, 5 февруари 2023 (МИА) - Во Берово е распишан јавен повик за пријавување за учество на спортската манифестација Работнички спортски игри 2024. Целта на настанот, кој е во организација на Општина Берово и годинава, е негување на спортскиот дух, спортувањето и подобрување на  соработката помеѓу институциите и правните субјекти на локално ниво.

-Настанот ќе се одржи во периодот февруари – март 2024 год. Општина Берово, како домаќин и организатор на овие игри, ги поканува сите заинтересирани јавни институции и правни субјекти, доколку сакаат да учествуваат, да се пријават на работничките спортски игри.
Првиот состанок ќе се одржи на 09.02.2024 год (петок) со почеток во 14 часот, во салата за совет во Општина Берово, информираа од Општината.

Во рамки на турнирот во мал фудбал кој е составен дел од настанот, право на учество имаат екипи од општините Берово и Пехчево.

-Се покануваат заинтересираните екипи, да испратат по еден претставник на состанокот, за запознавање со правилата и прописите за РСИ 2024. Пријавувањето  ќе  трае до 15 февруари 2024 година до 14.00  часот. Турнирот е планирано да почне во вторник - 20 февруари 2024 година во зависност од временските услови, додадоа од Општината.

За најдобрите учесници, ќе бидат обезбедени пригодни награди, од страна на организаторот, а пријавите може да се поднесат во просториите на Општина Берово. вс/сст/

фото Општина Берово

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан