• вторник, 18 јуни 2024

Јавен повик за општинско- корисна работа за активноста „Посета и нега на стари лица“ во Делчево

Јавен повик за општинско- корисна работа за активноста „Посета и нега на стари лица“ во Делчево

Делчево, 10 јуни 2024 (МИА) - Општина Делчево распиша јавен повик за крајни корисници за учество во  Општинско- корисна работа. Повикот се однесува на активноста „Посета и нега на стари лица“. 

-Општина Делчево ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско- корисна работа“ за активноста „Посета и нега на стари лица“ да се пријават во просториите на Општина Делчево најдоцна до 26.06.2024 (среда), информираа од Општина Делчево

Активноста, појаснуват, опфаќа набавка на топол оброк, набавка на основни продукти за хигиена и исхрана, препишување и набавка на лекови, плаќање сметки, пружање на елементарна помош и грижа за старите изнемоштени лица, мерење крвен притисок и шеќер во крвта.

- Исто така активностите опфаќаат помош при основните дневни обврски кои лицата не се можност сами да ги извршуваат (подготовка на оброк, одржување на домот и сл.), придружба до лекар или некоја друга институција по потреба, заедничка прошетка и дружење. Пријавата може да ја пополни и трето  лице во име на крајниот корисник на услугите од активноста „Посета и нега на стари лица“, додадоа од Општина Делчево.

Критериуми според кои ќе бидат определени 20 крајни корисници се корисникот да не е пензионер или да прима минимална пензија, корисникот да живее сам и да не е во можност да ги извршува услугите кои се нудат со проектот. вс/цр


Фото: Општина Делчево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан