• петок, 22 ноември 2024

Ѓунеш ја напушти клупата на Бешикташ

Ѓунеш ја напушти клупата на Бешикташ

Истанбул, 6 октомври 2023 (МИА) - Тренерот на турскиот фудбалски гигант Бешикташ, Шенол Ѓунеш (71), денеска поднесе оставка по поразот на домашен терен од Лугано (2-3) во рамки на групата Д во Лигата на конференции.

Бешикташ на вчерашниот натпревар пред своите гледачи имаше водство од 2-0 до 80. минута, а во последните десет минути швајцарската екипа постигна три голови за целосен пресврт. За Бешикташ тоа беше само продолжение на лошата резултатска низа од само две победи на последните шест натпревари.

„Шенол Ѓунеш по натпреварот со Лугано имаше средба со нашиот претседател Ахмет Нур Чеби и изјави дека екипата има потреба од свежа крв и поднесе оставка на функцијата“, објави Бешикташ.

Ѓунеш седна на клупата на клубот од Истанбул во октомври лани на местото на Французинот Валериен Исмаел. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан