• четврток, 04 декември 2025

Ѓорѓиевски се сретна со турскиот амбасадор Улусој

Ѓорѓиевски се сретна со турскиот амбасадор Улусој

Скопје, 23 јули 2025 (МИА) - Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, на покана на турскиот амбасадор во земјава Фатих Улусој, оствари средба во неговата резиденција.

Како што информира Општина Кисела Вода, оваа средба претставува продолжение на веќе воспоставената комуникација меѓу градоначалникот Ѓорѓиевски и амбасадорот Улусој, која и досега се развиваше во духот на заемно почитување и отвореност за соработка.

- Во разговорот беа разгледани потенцијални области за заедничко делување, а се дискутираше за можностите за понатамошна соработка, се вели во соопштението.

Градоначалникот Ѓорѓиевски се осврнал и на улогата на локалната власт како најнепосредна алка до граѓаните, потенцирајќи дека ваквите меѓународни средби отвораат реални можности за реализација на проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот во општините. Му се заблагодарил на амбасадорот Улусој за поканата и за досегашната поддршка, со надеж за понатамошно унапредување на пријателските односи.

-Со амбасадорот Улусој веќе имаме воспоставена конструктивна и пријателска комуникација која се гради врз заемна доверба и отвореност. И оваа средба беше одлична можност да продискутираме за идни насоки на соработка. Верувам дека токму преку вакви меѓународни партнерства можеме да обезбедиме конкретна поддршка за реални проекти кои ќе им служат на граѓаните, во сите сегменти, се вели во писмената изјава на градоначалникот Ѓорѓиевски. мд/дма/

Фото: Општина Кисела Вода 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан