• четврток, 21 ноември 2024

Ѓорѓиевски: Повикот на Владата е транспарентен, нема да има заборавени општини

Ѓорѓиевски: Повикот на Владата е транспарентен, нема да има заборавени општини

Скопје, 7 октомври 2024

Јавниот повик на Владата за распределба на средствата нуди транспарентност и она што досега во минатото никогаш го немало, а тоа е буквално сите општини да можат да добијат пари за реализација на проекти кои ќе решат децениски проблеми на граѓаните, изјави во вечерашното гостување во „Топ тема“ градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

-Ова е ова прв проект од ваков тип кој се спроведува на овој начин и претставува модел кој овозможува транспарентност и ќе придонесе да се решат повеќедецениски  проблеми на граѓаните. Она што е важно е дека како никогаш претходно, ќе нема заборавени општини, односно согласно моделот, ќе добијат финансиски средства согласно бројот на жители и изготвените проекти. До крајот на неделата од државата ќе излезат податоци за распределба на средствата наменети за проектите на општини. Крај на февруари почеток на март се очекува нов повик на општините да аплицираат пак, па евентуално утврдените аномалии од првиот повик, сигурно ќе бидат надминати, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски потенцирајќи дека претходната Влада давала пари за раздолжување на општините и на  тој начин стимулирала генерирање на нови долгови.

Ѓорѓиевски: Новите урбанистички решенија во Кисела Вода се во согласност со барањата и потребите на граѓаните

Во темните работи од минатото, во донесените урбанистички планови од пред петнаесет, дваесет години не можеш да интервенираш многу по сила на закон, но она што можеше го направив, а тоа е новите решенија да се во согласност со барањата и потребите на граѓаните. Во Скопје јас сум пример како може да се почитува волјата на граѓаните, поради тоа што во Црниче и Пржино од кога сум дојден за градоначалник, пред околу 3 години и еден месец, нема ниту еден објект со повеќе од 4 станбени единици и предлогот за ДУП за Расадник што предвидуваше 99 згради, го поништивме. Тоа ќе беше груба бетонизација, што ќе предизвикаше проблеми не само во Кисела Вода, туку и во Центар и во сите останати општини во Скопје-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување на Топ Тема, потсетувајќи дека за идејниот лик на ДУП-от за Расадник, прв пат после скопскиот земјотрес, Кисела Вода распиша Меѓународен конкурс и беше избрано решение на најтранспарентен начин. Во поглед на зеленилото, кое е пропишано со закон, илустрираше со податокот дека во  Кисела Вода, покрај пругите, во 11 Октомври Бараки, општината гради паркова содржина на повеќе од 70 000 квадрати.

 

Општина Кисела Вода

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан