• петок, 19 април 2024

Ѓорѓиевски: Изградбата на затворената спортска сала во Пинтија е во напредна фаза

Ѓорѓиевски: Изградбата на затворената спортска сала во Пинтија е во напредна фаза

Скопје, 4 март 2024


​Напредува изградбата на затворениот спортски објект во населбата Пинтија, во ПОУ ,,Рајко Жинзифов”. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во динамиката на работа, на чија завршница чекаат 252 ученици од ова училиште. Затворената спортска сала, која е прва од ваков вид во ова населено место, ќе има површина од околу 350м2.

-Активно се одвива изградбата на затворената спортска сала во населбата Пинтија која обезбедува современи услови за спортување на нашите ученици од ПОУ ,,Рајко Жинзифов”. Како никогаш досега во минатото, Пинтија ќе има затворен спортски објект на околу 350 квадратни метри, кој ќе обезбеди комплетна спортска инфраструктура за развивање на физичките потенцијали и подобрување на здравјето на младите. Наша должност, како раководство на Општина Кисела Вода е секојдневно да ги унапредуваме условите и да им овозможиме еднакви можности на сите наши жители, посебно на најмладите кои се иднината  на Република Македонија. Создаваме и градиме во секоја населба во секое населено место, а ваквите проекти се валоризација на мојот даден збор-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Затворената спортска сала во Пинтија се очекува да биде завршена до крајот на учебната година.

Општина Кисела Вода

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан