• понеделник, 08 јули 2024

Ѓорческа обезбеди четвртфинале на „Триглав Опен‘ во Скопје

Ѓорческа обезбеди четвртфинале на „Триглав Опен‘ во Скопје

Скопје, 14 септември 2023 (МИА) – Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на фјучерсот „Триглав Опен“, откако попладнево во Скопје ја совлада Јапонката Рина Саиго со 2-1 во сетови.

Ѓорческа, која е четврти носител на турнирот, обезбеди победа над 22-годишната Јапонка и 16. носителка, со пресврт откако првиот сет го загуби во тајбрејк 6-7, а следните два ги доби со идентични 6-2 во гемови.

Ѓорческа е единствена македонска тенисерка која остана во конкуренција на фјучерсот „Триглав Опен“ што се игра на терените на ТК „Југ“ во Градскиот парк за награден фонд од 40.000 долари. ег/дма/

Фoто: МИА

Остани поврзан